Новости

Македонија

Се што ве интересира за приватизацијата проверете онлајн

Почнувајќи од денеска, граѓаните и фирмите ќе можат да се информираат онлајн за она што ги интересира за приватизацијата.

Тоа можат да го сторат на порталот privatizacija.finance.gov.mk. Таму ќе можат да се информираат до каде е нивниот предмет за приватизација во Управата за имотно правни работи (УИПР). Министерот за финансии Драган Тевдовски и директорката на УИПР, Шасине Касами денеска ја презентираа оваа платформа. Тевдовски вели дека нема веќе предмети во фиока.

„Направивме системско решение, платформа privatizacija.finance.gov.mk преку која граѓаните и фирмите ќе можат од својот дом или канцеларии, преку компјутер да ja следат постапката за приватизација во Управата за имотно-правни работи. Ова значи дека граѓаните и фирмите ќе имаат постојано увид во која фаза е нивниот предмет – од прием на барањето за приватизација, преку обработка на предметот и решавање на истиот – до архивирање“ – рече Тевдовски.

Тој објасни дека придобивките од ваквиот пристап е дека граѓаните и фирмите добиваат нова и подобра услуга од Управата, ќе се подобри ефикасноста на Управата и ќе се изврши дигитализација на процесите.

Касами изјави дека платформата privatizacija.finance.gov.mk е само еден од чекорите кои ги Управата за ефикасна, модерна и ориентирана кон граѓаните и фирмите Управа за имотно правни работи.

Евротип
SNBROKER
To Top