Новости

Македонија

Силен земјотрес во Бугарија, почувствуван и во Македонија

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала, е регистриран во Бугарија.

Земјотресот е регистриран во 19 часот, со епицентар 64 километри јужно од Софија, во близина на Благоевград.

Инаку истиот е почувствуван и во источните и јужните делови од земјава. Го регистрираа и мерните станици во Валандово и во Охрид.

Вчера на речиси истото подрачје имаше земјотрес со јачина од 3,7 степени.

GOLD
To Top