Новости

Македонија

Скопје и Тирана во исчекување на зелено светло за старт на преговорите

По француското вето за почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија вчера во Луксембург на министерско ниво, очите на двете земји се сега вперени во претстојниот лидерски состанок на ЕУ што ќе се одржи утре и задутре.

Иако ги отфрла обвинувањата, Франција вчера остана изолирана во ЕУ во својата одлука да блокира зелено светло за старт на преговори со било која од двете земји и во било која форма, сѐ додека нема реформа на методологијата на преговарачкиот процес.

Земјите членки на ЕУ вчера по трет пат ја одложија одлуката и покрај тоа што во јуни се заложија дека во октомври ќе се навратат на прашањето и ќе донесат „јасна и суштинска одлука“. Наместо тоа, тие не успеаја да донесат заклучоци за ниту една од земјите кандидати за членство во ЕУ, вклучително и Србија и Црна Гора кои се надеваа да отворат нови преговарачки поглавја.

GOLD
To Top