Новости

Македонија

Следната недела ќе се вработат 1.000 лица со субвенционирање

Мерката Субвенционирање е во фаза на потпишување на договори со кои што во текот на следната недела ќе бидат вработени 1000 лица од кои 50 проценти се млади до 29  години, соопштија денеска од Агенцијата за вработување на презентацијата на оперативниот план за 2019-та.

Од Агенцијата за вработување истакнаа дека оваа година оперативниот план има најголем буџет за реализација до сега, во висина од 1.1 милјарда денари како и најголем опфат на корисници, односно 2000 корисници повеќе од лани. Ланскиот план опфатил 95 отсто реализација и бил спроведен над 6349 лица од кои 3340 или 53 проценти од учесниците биле млади лица до 29 години. Преку програмата Самовработување сопствен бизнис отвориле 1191 лица, преку  мерката Субвенционирање на плати  биле вработени 759 лица, а мерката Вработување и раст на правни субјекти отворила работни места 347 лица. Преку мерката поддршка за вработување на инвалидни лица пак биле активирани 209 лица.

Реализацијата на овогодинешниот оперативен план започна пред 2 месеци, а опфатот за дел од  програмите и мерките е веќе пополнет.

– Најголем е интересот за учество во мерките кои водат до директни вработувања. За програмата самовработување-прептриемништво аплицираа и во моментов отпочнаа со обука 2076 лица  од кои околу 800 се млади лица до 29 години. Најмалку 1070 лица од овие лица ќе се самовработат во првата половина на 2019 година.- потенцираше директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска.

Во тек се потпишување на договори за мерката Вработување и раст на правни субјекти за вработување на нови 500 лица.

Поради голем интерес на младите лица за програмата „Практиканство“оваа година опфатот се зголеми на 1625 млади  лица што е највисок опфат за оваа програма до сега и од следната недела ќе започне потпишување на договорите за оваа мерка.

Во овогодинешниот оперативен план акцент се става и на преквалификацијата и доквалификацијата на невработените лица, со него е предвидено 4740 лица да бидат опфатени со различни обуки .

GOLD
To Top