Новости

Македонија

Следуваат два неработни денови – петок за православните, понеделник за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика, соопшти дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 9 април 2018 година (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Претходно, МТСП информираше дека согласно Законот за празниците, 6 април 2018 година, Велики петок, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија им го честита големиот христијански празник Велигден.

GOLD
To Top