Новости

Македонија

Случајот „Рекет“ три недели во „мирување“

Следниве три недели не треба да се очекуваат нови моменти во истрагата за случајот “Рекет”, затоа што шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска е на годишен одмор, како и нејзиниот тим.

Од обвинтиелството велат дека во меѓувреме нема кој друг да ги преземе нивните ингеренции.

Последниве денови се земаа изјави од сведоци, но нема одговор зошто досега не беше повикана да даде исказ и специјалната обвинителка Катица Јанева, која обвинителството уште од отворањето на аферата ја инволвираше, но досега не ја објасни нејзината улога. Особено, откако деновиве беше откриено дека вториот нејзин телефон за кој првично се тврдеше дека е изгубен, бил форматиран. Што зборувала специјалната обвинителка на интерфон со Боки 13 и Орце Камчев, и дали тоа го правела преку овој телефон е едно од прашањата на кое истрагата треба да даде одговор.

Јанева во единственото обраќање досега кажа дека со Јовановски биле пријатели, но тврдеше дека тоа било злоупотребено. Според информациите што Канал 5 ги доби од СЈО, Боки 13 бил најмалку три пат во посета на Јанева во обвинителството – два пати со една уредничката во функција на договарање за интервју, а еднаш и со новинарот Сашо Орданоски, кој патем, поседува и безбедносен сертификат, за кој се уште нема информации зошто му бил издаден.

Освен Вилма Русковска , на годишен одмор во следните две недели ќе биде и специјалната обвинителка Јанева. Од СЈО за Канал 5 велат дека обвинителката ќе се врати на работните обврски по завршувањето на судската ферија , во втората половина на август.

Деновиве опозицијата побара истрагата да се прошири и кон невладината Меѓуанроден сојуз чиј претседател беше Јовановски. Ова особено, откако во јавноста се појавија информации дека на членка на Сојузот и биле исплатени во кеш над 700.000 евра од битолски бизнисмен за проект за старечки домови кои никогаш не биле изградени.

Новинарот Бранко Геровски вчера објави дека за стекнување на имотната корист на Меѓуанродниот сојуз му помогнале и меморандумите за соработка кои Јовански ги потпишувал со неколку општини, како и со Министерството за транспорт и врски.

Од таму потврдуваат дека таков документ потпишале, но уверуваат дека досега не била оставрена никаква соработка со Сојузот и дека не постои никаков договор за услуга или отворен предмет.

GOLD
To Top