Новости

Македонија

Снегот не запира – На овие места вее низ Македонија, внимавајте при возењето

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози,а на П.Шапка,Маврово и на планинскиот превој Стража со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи.

Снег со слаб интензитет паѓа на П.Шапка,во Маврово,Дебар и на планинските превои  Плетвар и Пресека.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

GOLD
To Top