Новости

Македонија

Снегот утринава го отежна и патниот сообраќај

Снегот утринава го отежна и патниот сообраќај, кој засега се одвива без забрани но по влажни коловози. Авто мото сојузот на Македонија информира дека врнежи од снег има на Стража, Пресека, Маврово, Попова Шапка, Плетвар, Кула и Крива Паланка – граничен премин Деве Баир. Намалена видливост од 20 до 50 метри поради магла има на планинскиот премин Ѓавато.

Повремени врнежи од снег ќе има и утре и во среда. Најобилни ќе бидат врнежите во источните делови од државата каде се очекува формирање на снежна покривка и над 20 сантиметри. Во останатите подрачја можна е помала снежна покривка, главно околу пет сантиметри, освен на планините каде се очекува повисока снежна покривка.

Според прогнозата на синоптичарите, облачното време ќе се задржи до сабота, но врнежите поради затоплувањето ќе бидат главно од дожд.

GOLD
To Top