Новости

Македонија

Снег вечерва во Македонија – овие патни правци се затворени за сообраќај

Врнежи од снег со послаб интензитет има во Скопје, Петровец, граничен премин Табановце, на Попова Шапка, Павлешенци и на планинскиот превој Ѓавато. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“.

– Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица. Се уште е во сила забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец Дебар – Струга, информира Автомото сојузот на Македонија во извештајот за состојбата на патиштата во 18 часот. Патниот правец Р2332 Охрид-Ресен, преку националниот парк Галичица (врска со Р1307 Царина – врска со А3 и Р1301 – Трпејца), од 15.11.2018 до 01.04.2019 е затворен за сообраќај за сите видови возила.

GOLD
To Top