Новости

Македонија

Собранието го ратификуваше Договорот со Грција

Со 69 гласа ЗА од вкупниот број на присутните, Собранието на Република Македонија го ратификуваше договорот за решавање на спорот со името со Република Грција.

На седницата не присуствуваа пратениците на опозицијата.

Согласно договорот, Грција има обврска да го извести претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск дека дава поддршка за почеток на членството на Македонија во ЕУ и да го извести генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг дека ја поддржува поканата за НАТО.

Според процедурите, по усвојувањето, законот се праќа на потпис кај шефот на државата, кој има рок од седум дена да го потпише указот. Ако Иванов го употреби правото на суспензивно вето, законот за ратификација се враќа во собраниска постапка.

Ако во повторената процедура биде изгласан со најмалку 61 глас, Иванов е должен да го потпише.

Доколку една од страните не го прифати договорот за време на внатрешните процедури, тоа ќе значи дека договорот нема да важи.

Македонските граѓани ќе го имаат конечниот збор за договорот за името на референдум кој треба да се одржи до октомври оваа година.

Evrotip
Евротип
To Top