Новости

Македонија

Собранието свечено го ратификува протоколот за НАТО

По свечената собраниска седница, на претседателот на Собранието Талат Џафери му беше предадено знамето на Алијансата кое потоа беше закачено на јарболот до македонското знаме пред парламентарниот дом.

Претходно Собранието со 114 гласа „за” го изгласа Законот за Ратификација на Северноатланскиот договор, кој ќе стапи во сила по ратификација на Протоколот за НАТО од страна на Шпанија. Македонија по овој чин се очекува да стане 30-та земја членка на НАТО.

GOLD
To Top