Новости

Македонија

Сонце и дожд денеска и за време на викендот

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, попладне претежно во западните делови ќе има појава на локален дожд, информира УХМР.

Утринската температура ќе се спушти помеѓу 8 и 15, а дневната ќе достигне од 23 до 31 степен. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 8. Во Скопје умерено облачно, попладне со услови за краткотраен локален дожд. Температурата ќе се движи од 13 до 27 степени. Во наредниот период ќе преовладува променливо и посвежо време. И утре во попладневните часови ќе има појава на локален дожд.

Нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд се очекува во сабота во текот на ноќта и во недела. Минималните дневни температури ќе бидат меѓу 9 и 19, а масималните ќе достигнат до 32 степени.

Во изминатите 24 часа, според податоците на УХМР, најмногу дожд наврнал во Охрид – 30 литри на метар квадратен, во Претор – 26, во Крива Паланка 25, а во Скопје 13 литри.

GOLD
To Top