Новости

Македонија

Сончево и многу топло со температури до 36. степен

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло за овој период од годината. Поради високите температури долж Повардарието ќе биде активиран жолт метеоаларм.

Утринската температура ќе се движи помеѓу шест и 14, а дневната од 28 до 36 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 34 степени.

Во среда попладне ќе настапи значителна промена на временската состојба проследена со засилен ветер и опаѓање на температурата во северните делови. Во југоисточните делови сѐ уште ќе биде активиран жолт метеоаларм за високи температури.

GOLD
To Top