Новости

Македонија

Сончево и топло време со попладневно наоблачување

Оттаму додаваат дека локално ќе има услови за краткотраен дожд, особено на крајниот исток.

Утринската температура ќе се движи од три до девет, а највисоката дневна температура ќе биде од 23 до 30 степени. УВ-индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите ќе се движат од девет до 29 степени Целзиусови.

Метеоролозите известуваат дека во земјава ќе продолжи периодот на топло време, а во попладневните часови ќе има извесно зголемување на облачноста и услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.

GOLD
SN Finansii
To Top