Новости

Македонија

Сончево со повремен дожд во западните делови

Во поголем дел од земјава денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во западните делови ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, особено на повисоките места каде ќе достигнува брзина над 70 км/час.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 16 Целзиусови степени,Маврово 9, Охрид 14, Битола и Крива Паланка 16, Берово 15, Кавадарци 20, Дојран 21.

Утре времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а попладне и засилен ветер од северозападен правец и дневни температури – Скопје 14, Маврово 8. Охрид и Крива Паланка 12, Битола 14, Берово 11, Кавадарци 17, Дојран 18 степени.

Прогнозата за в недела е студено и ведро утро, преку денот сончево и посвежо со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе се движат од 8 до 14 степени.

GOLD
To Top