Новости

Македонија

Сончево со слаб ветер од североисточен правец

Времето во земјава ќе биде сончево и топло со слаб ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се движи од два до 10, а максималната температура од 23 до 30 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со минимална температура од девет и максимална до 28 степени. Во Маврово 22, Охрид 23,Крива Паланка и Берово 25, Битола 30, Кавадарци 28, Дојран 29 степени.

Продолжува периодот на сончево време со натпросечни дневни температури за овој период од годината. И утре ќе имаме сончево и топло време со слаб источен ветер и максимални дневни температури – Скопје 27, Маврово 21, Охрид 22, Битола 26, Крива Паланка 25, Берово 24, Кавадарци 28, Дојран 29.

GOLD
To Top