Новости

Македонија

Сончев и топол викенд

Денеска времето во целата земја ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 25 Целзиусови степени, Маврово 19, Охрид 22, Битола 24, Кавадарци 26, Крива Паланка 23, Берово 21, Дојран 25 степени.

И за утре временската прогноза е претежно сончево со слаб јужен ветер и пивисоки дневни температури: Скопје 26, Маврово 20, Охрид 23, Битола 25, Кавадарци 27, Крива Паланка 24, Берово 22, Дојран 28.

GOLD
To Top