Новости

Македонија

Сообраќајна несреќа на патот Градско – Прилеп – повреден 28 – годишен битолчанец

На 21.10.2018 година околу 14,00 часот било пријавено дека на Магистралниот пат  Градско – Прилеп, пред тунелот во село Фариш, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Опел кадет“ со битолски регистарски ознаки, управувано од К.Н.(35) од Битола и патничко возило „Форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Ч.(52) од Скопје.

Во незгодата со повреди се здобил сопатникот во возилото „Опел“, И.Н.(28) од Битола.

Со возило на Итна медицинска помош таа била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје. Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Евротип
SNBROKER
To Top