Новости

Македонија

Сообраќајна несреќа на патот Прилеп – Битола, сопатничката со повреди

На 17.11.2019 во 17.30 часот на патниот правец Прилеп – Битола, во близина на клучка Лагово, Н.Д.(61) од Струга, управувајќи товарно моторно возило „форд транзит“, со скопски регистарски ознаки, удрил во земјена препрека на патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката С.Д.(54) и била пренесена во Градската општа болница Прилеп за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

GOLD
To Top