Новости

Македонија

Сообраќајот во прекин на неколку патни правци

АМСМ информира дека сообраќајот на патните правци Скопје – Велес и Велес – Скопје е во прекин за сите видови на возила, поради излизгани и попречени возила. Од 19:30 часот на патните правци Кавадарци – Неготино и Охрид – Ресен кај превој Буково поради превртени тешки моторни возила, сообраќајот е во целосен прекин.

Поради врнежи од снег, забрани за движење на тешки товарни возила има на патните правци: крак Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, Кичево – Охрид преку планинскиот премин Пресека , на патниот правец Крива Паланка – г. п. Деве Баир, на патните правци Битола – Ресен преку планинскиот премин Ѓавато и на Ресен – Охрид преку планинскиот премин Буково

GOLD
To Top