Новости

Македонија

Сообраќајот се одвива отежнато, забрана за товарни возила

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на коловозот, по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.

УКИНАТА ЗАБРАНА: Од 08:30 часот, укината е забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Маврово – Дебар (и обратно).

ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ: Забрана за движење на тешки товарни возила има на патниот правец Дебар – Струга. Забрана за сообраќај на автобуси има на патниот правец Тетово – Попова Шапка.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

GOLD
To Top