Новости

Македонија

Сопственикот на „Дурмо турс“: Возачот изгубил контрола над самиот себе додека управувал со автобусот

Сопственикот на компанијата „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, во изјава за Сител вели дека автобусот кој се преврте во средата бил исправен. Во изјава за телевизијата тој вели дека вработени во компанијата се слушнале телефонски со возачот и дека тој за нив ја открил причината за несреќата, односно дека изгубил контрола над самиот себе додека управувал со автобусот.

-Одговорно лице во „Дурмо турс“ стапи во контакт со возачот по несреќата. Тој кажал дека бил свесен и дека изгубил контрола, во повторно прашање дали изгубил контрола над автобусот, или над самиот тој, одговорот бил дека над самиот. Веројатно заради здравствени причини. Автобусот се движел околу 200 метри, нема ни трага на кочење ниту реакција на возачот – вели Дурмиш Бељули.

Тој додаде дека чувствува морална одговорност и дека сочувствува со семејствата на загинатите.

-Тие беа членови на нашето семејство, со години патуваа со нас. Во Гостивар со сите се знаеме. Жалиме длабоко, потресени сме и во шок – порачува сопственикот на компанијата Бељули.

GOLD
To Top