Новости

Македонија

Со рози пречекани маратонците во чест на Тоше

Во Крушево попладнево пристигнаа учесниците во ултрамаратонот во чест на Тоше Проески кои беа пречекани од ученици, млади, вработени во институции, угостители, компании и граѓани со рози во рацете.

Розите беа оставани покрај патот при поминувањето на маратонците, а се слушаа песни на Тоше низ целиот град.

Маратонците беа пречекани од градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски на „Гумење“ каде што хорот при СОУ „Наум Наумовски Борче“ заедно со млади-љубители на Тоше изведуваа негови песни.

По пречекот се полагаше свежо цвеќе на гробот на Тоше.

Во ултрамаратонот учествуваа 10 учесници кои трчаа во чест на пејачот од Нова градишка до Крушево. Дел од денешниот настан беаше и група од четворица велосипедисти кои со велосипеди ја поминаа истата релација, соопштуваат од општина Крушево.

 

 

 

 

 

 

 

Извор+Фото: Канал5

GOLD
To Top