Новости

Македонија

Стево Пендаровски и официјално е претседателски кандидат на СДСМ

Стево Пендаровски е претседателски кандадат на СДСМ за претстојните избори закажани за 21-ви април.

По тричасовни партиски консултации партијата одлучи да го предложи Пендаровски за претседателски кандидат.

Веднаш по состанокот, лидерот на СДСМ Зоран Заев замина во скопски хотел, каде го очекуваат лидерите од коалицијата предводена од СДСМ на дополнителни консултации.

Пред средбата со нив, Заев рече дека очекува поддршка од сите и додаде дека останатите фаворити за претседател го прифатија Пендаровски како претседателски кандидат.

Пендаровски беше кандидат на СДСМ и на претходните избори.

 

 

 

 

 

 

 

 

Извор: Телма

GOLD
To Top