Новости

Македонија

Страшна несреќа утрово во Македонија: Загина 21 годишна девојка

Рано утринава во Штип, животот го загуби 21 годишна девојка од Свети Николе, а едно лице е повредено.

Сообраќајната несреќа се случила на булеварот „Гоце Делчев“ во Штип.

Според СВР Штип, несреќата се случила во 5:15 часот утрово, а двете лица се на возраст од 21 година и се од Свети Николе.

На лице место починала девојката, а момчето е во болница.Возилото било многу оштетено па за да се извадат младите истото било сечено од ТППЕ од Штип.

GOLD
To Top