Новости

Македонија

Студено со врнежи од дожд, на повисоките места снег

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и постудено со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места врнежи од снег, особено претпладне. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус два до шест, а дневната од еден до девет степени.

Преодно стабилизирање ќе има во четврток, а во петок кон крајот на денот и во сабота се очекува нов влажен бран со врнежи од дожд, а на планините од снег.

GOLD
To Top