Новости

Македонија

Судијата го ограничи Груевски да зборува само пет минути за Космос

Судијата Огнен Ставрев пред денешното рочиште на судењето за уривањето на Космос, ги информираше адвокатите на обвинетиот Никола Груевски, како и на другите одбинети дека ќе можат да зборуваат само по пет минути.

Според судијата, пет минути се доволни за изјаснување и приговор, а подолгото зборување само непотребно ќе ја одолговлечи постапката. Обвинетиот Груевски и на вчерашното рочиште влезе во судница откако почна судењето за случајот „ТНТ“.

Судијата откако го поучи Груевски за законските можности и обврски го праша дали го разбрал обвинението и дали чувствува вина, на што поранешниот премиер одговори: „Не се чувствувам виновен и не сум го прекршил законот“. Истото прашање судијата му го постави и на ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој исто така изјави дека не чувствува вина. Истиот одговор го дадоа и останатите петмина обвинети. Оштетениот Фијат Цаноски пријави побарувања за причинетата штета од уривањето на станбениот објект „Космос“.

Во случајот „Т.Н.Т“ обвинети се седум лица, меѓу кои и градежна инспекторка од Гази Баба и тројца членови на општинската комисија за набавки. Според Обвинителството, со постапката на уривање е предизвикана штета од 16 милиони евра, а дополнително на буџетот на општина Гази Баба уште три милиони денари. Апелацискиот суд на 4 ноември минатата година одлучи прислушуваните разговори во случајот „ТНТ“ да можат да се користат како докази во судската постапка.

GOLD
To Top