Новости

Македонија

Судската администрација на протест

Судската администрација во сите судови низ државата денеска од 9:30 до 11 часот ќе протестира, изразувајќи незадоволство од состојбите во судството.

Вработените ќе протестираат против одлуките на Судскиот буџетски совет за нерамномерно зголемување на додатоците на плата за судиите и судските службеници и за недонесувањето конечна одлука за исплата на платите за дел од вработените што учествуваа во штрајкот во 2016 година.

Со одлука на Судскиот буџетски совет додатоците на плата за судиите се зголемени за 10 проценти, а за судската администрација и помошно-техничкиот персонал за пет проценти.

„Како прво предупредување одиме со протест, но доколку не наидеме на разбирање, не можам да кажам што ќе одлучат нашите членови. Јас сум должен како претседател да го слушам нивното мислење. Ако сметаат дека не се задоволни од она што ќе го добиеме како одговор и предлагаат штрајк, јас сум должен тоа да го реализирам”, најави вчера претседателот на УПОЗ, Пецо Грујовски.

Од УПОЗ бараат да имаат и свој претставник во Судскиот буџетски совет и во Советот на судска служба, како и поинаква дефиниција на позицијата на судската служба пренесува мкд.

GOLD
To Top