Новости

Македонија

Таткото на Боки 13 призна дека го тепал попот Стојчев

Во понеделник во 11 часот обвинетиот Миле Јовановски, татко на познатиот Боки 13, ќе ја дознае пресудата откако денеска во Кривичниот суд призна дека е виновен и дека на 7 јануари 2017 година ги тепал попот Виктор Стојчев.

Според обвинителниот акт, настанот се случил во дворот на оштетениот. Причина за инцидентот било погрешно паркирано возило од страна на Бојан Јовановски. Кога попот Стојчев почнал да свири за да му даде до знаење на возачот да го препаркира возилото, од својот дом излегол Бојан Јовановски и го препаркирал возилото.

Но, токму тогаш од соседната излегол татко му и ја отворил вратата и почнал да го удира попот на кого му бил скршен клучниот зглоб од левата нога.

 

GOLD
To Top