Новости

Македонија

Тешка сообраќајна несреќа на патот Градско – Прилеп – едно лице повредено

На 13.11.2018 година било пријавено дека во Прилеп на крстосницата од регионалниот пат Градско – Прилеп , се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Форд “со скопски регистарски ознаки управувано од С.С.(49) од Скопје и товарно моторно возило “Сканиа “со прилепски регистарски ознаки управувано од В.Б.(34) од Прилеп.

Со тешки телесни повреди се здобил совозачот на патничкото моторно возило Р.М., а возачот се здобил со телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

GOLD
To Top