Новости

Македонија

Трагедија на Хималите: Македонски планинар умрел при искачувањето на Монт Еверест

Македонскиот планинар Георги Петков, починал вчера од срцев удар на Хималаите, при обид да го освои највисокиот врв Монт Еверест.

МИА пренесува дека веста за смртта на 63-годишниот доктор од Гевгелија е објавена на сајтот “Himalayian” и на веб страната на Планинарското друштво “Кожув”.

Веста ја потврдил и менаџерот на базниот логор, Ками Нуру Шерпа.

“Во тек се напори за спуштање на неговото тело во долниот логор”, рекол Шерпа.

МИА наведува дека Петков бил во експедицијата која ја предводел британскиот планинар и лидер на комерцијалната експедиција, Тим Мосејдеј.

Доколку успее, Петков ќе станел шестиот Македонец кој се искачил на “врвот на светот”.

 

GOLD
To Top