Новости

Македонија

Тргната е забраната за тешки товарни возила на Стража и Маврово-Дебар

Забраните за тешки товарни возила на патните правци Маврово-Дебар и Гостивар-Кичево преку Стража се укинати, информираат од ЈП Македонија пат.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот по интервенција на екипите на Македонија пат.

Од ЈП МП посочуваат дека нивни дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

„Нашите екипи работат на приоритетните магистрални и регионални патни правци, доколку имаат јавување за регионален патен правец до некое село веднаш ќе реагираат“, велат од јавното претпријатие.

GOLD
To Top