Новости

Македонија

Трета жртва од коронавирусот во земјава

На Клиниката за инфективни болести денеска починала 66-годишната пациентка од Дебар заболена од коронавирусот, која подолго време беше на респираторна машина.

-Денеска имаме уште една почината пациентка заболена од коронавирусот, пациенктка која подолго време беше на респираторна машина. Пациентката беше од Дебар и таа и покрај сите напори на лекарите, медицинските сестри и интензивната тепарија за жал почина денеска, пред неколку часа, рече на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Тој додаде дека починатата пациентка била на 66-годишна возраст и оти во историјата имала податок дека прима хронична терапија за хипертензија.

Таа и нејзиниот сопруг беа дијагностицирани позитивни на коронавирус на 6 март. Тие во земјава допатувале од Италија. Првично беа во стабилна состојба, но потоа на жената и се влоши здравствената состојба и беше поставена на респиратор.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата, вкупниот број заболени изнесува 177 лица.

GOLD
To Top