Новости

Македонија

Три тима победници на Биталон – првиот хакатон за оживување на животот на еврејската заедница во Битола

Избрани се трите тима кои понудија разновидни дигитални алатки со цел да го раскажат животот на еврејската заедница во Битола, кои учествуваат на Биталон изминатиот викенд (10-11 март 2018), во организација на Министерство за надворешни работи на Израел и НЕ Дан Ориан, Амбасадор во Република Македонија, во соработка со 33 локални чинители (органи на државната управа, локалната власт, Универзитети и стартап центри).

Над 100 учесници организирани во 16 тима се запознаа со културно, историското, археолошко наследство на Евреите од Битола кои беа депортирани на 11 март 1943 година во концетрационите логори на смрта. Домаќините од невладината организација АХАМ на учесниците им дадоа поттик да изработат иновативни решенија кои со помош на дигиталните алакти, приказните и вредностите на оваа Eврејска заедница и ќе му бидат достапни на целиот свет.

На полуфиналето одржано во Битола се избраа девет тима кои имаа дополнителни 24 часа за унапредување на нивните решенија.

На завршниот настан кој се одржа во Клубот на пратеници во Скопје на 12 март 2018 година, тимовите ги презентираа своите идеи за преточување на минатото во интересни мултимедијални алакти. Судиите имаа тешка задача да ги иберат најдобрите три тима кои ќе добијат студиски престој во Израел, нацијата на стартапите.

На настанот свое обраќање имаше Радмила Шекеринска, Министер за одбрана на Република Македонија,која им се заблагодари на сите учесници на најголемиот хакатон организиран до сега во Македонија и ги потенцираше заложбите на Владата на Република Макеоднија преку различните програми за поддршка за поттикнување на иновативноста и конкурентноста на македонската индустрија.

Во своето обраќање, Александар Бајдевски, Заменик – министерот за информатичко општество и администрација, ја истакна важноста од дигитализацијата на целокупното општество.

Јован Деспотовски, Директор на Фондот за иновации и технолошки развој, ги охрабри присутните да не застануваат со овој хакатон, туку ова да им биде поттик за континуирано иновирање и создавање на нови производи и услуги. Тој воедно истакна дека во 2018 година Владата на Република Македонија алоцираше дополнителни 50 милиони денари за таа цел.

Дан Ориан, Амбасадор на Израел во Република Македонија,се заблагодари на учесниците, партнерите и организаторите и го сподели дека со овие дигитални алатки му се овозможува на целиот свет да се запозне не само со обичаите на Евреите од Битола и пошироко, туку претставува и мост за промовирање на Македонското општество некогаш и сега.

Аси Барак накратко им ги претстави технолошките достигнувања во областа на вештачката интелигенција, технологии кои користат блокчеин и сајбер безбедноста и како истите се применуваат во различните индустрии.

Во рамките на финалниот настан беше организирана и панел дискусија на тема: Македонија, новата стартап нација?, во која учесниците:Тони Леви (Холон институт на технологија, Израел), Гади Керен (експерт за виртуелна реалност и претприемач, Израел), Наташа Лазаровска (Фонд за иновации и технолошки развој) и Никола Николов (Министерство за информатичко општество и администрација) дискутираа за тоа кои чекори биле преземени во Израел за да го унапредат еко-системот за развој на стартапи. Македонските говорници ги споделија локалните прилики и можностите кои им се достапни на иноваторите. Низ дискусијата заклучија дека клучно за успехот на иновативните решенија е да се утврди пазарот, да се идентификуваат можностите за новиот производ или услуга, желбата за континуирано учење и способноста за слушање на другите, комплементарноста на тимот, да се надмине стравот од неуспех бидејќи истиот е природен процес, и иницијативата да се превземе ризикот.

Победници се следниве тимови:

  • Матеја Вељковиќ, Ѓорги Ѓелов, Петар Георгиевски, Метин Ферати и Бојан Трајкоски.

Виртуелен музеј– поврзан со база на податоци што секој член на заедницата може да ја надополни. Собата е едноставна и празна, може да изберете кој било достапен модел, слика или документ и да се отидете околу него во 3D простор, за да се истражат неговите детали и да прочитате дополнителни информации и преводи.

Исто така, сите 3D модели во базата на податоци може да се преземат и да се испечатат на 3D печатач, постои можност за донирање и корисникот да добие 3D печатење испратено до неговиот дом.

Целта е мапирање на секој споменик и гробен камен, и да се собере секој документ кој има врска со еврејската историја и наследство и да се направи достапен во еден бесплатен пакет за користење.

  • Димитар Чакар, Дијана Недева, Емилија Кулева, Зорица Стојчевска и Ема Наумовска, предводени од менторот Јулијана Ацковска

Концептот за изработка на апликацијата е заснован на приказните од една книга напишана од македонски Евреин г. Морис Романошто живеел во Битолаво 20-от век. Објектите застапени во книгата, со помош на зголемената реалност и одличните приказни, тимот во апликацијата успеа да ги оживее старите згради и да им помогне на другите да ги доживеат.

 

  • Стефан Митревски, Ивица Јангеловски и Марија Петровска

Веб апликација која има за цел да ги собере сите информации кои постојат за жртвите од Холокаустот во една и единствена база на податоци која ќе содржи таканарачени „златни податоци“. Всушност сите информации ќе се превземаат од постоечките базите на податоци, а платформата овозможува нивно интегрирање и прикажување. Сите податоци од Yad Vashem базата на податоци која содржи информации за 7831 жртва од Холокаустот во Македонија се дел од новата апликација, и секој корисник може динамички да ја филтрира и да пребарува низ базата на податоци. Веб апликација не е само туку дигитален споменик  бидејќи можностите кои ги нуди се неограничени.

GOLD
To Top