Новости

Македонија

Турски државјани се обиделе да влезат во Македонија со фалсификувани патни исправи

На 14.04.2018 година во 17,45 часот на Граничен премин ,,Деве Баир“ на влез во Република Македонија, со автобус на превозна компанија од Битола , допатувале лицата Д.О (23) и Д.Х. (20), државјани на Република Турција со турски патни испрaви. При пасошка контрола и увид во патните исправи, утврдено  е дека кај двете е извршено механичко и хемиско бришење на страна, односно истите се фалсификувани. Поради сомнение дека се работи за КД„Фалсификување на исправа“, лицата се лишени од слобода.

GOLD
To Top