Новости

Македонија

УЈП нема да доставува решенија за радиодифузна такса

Управата за јавни приходи информира дека ќе престане да доставува решенија за утврдување на радиодифузна такса, откако согласно измените на Законот за аудио аудиовизуелни медиумски услуги се укина оваа давачка.

Со доставата на решенијата за септември 2017 година, како што наведуваат во соопштението, УЈП ќе прекине со достава на решенија.

Граѓаните и фирмите имаат обврска да извршат плаќање на сите заостанати долгови по Решенија за РДТ за периодот Јанури 2011 година заклучно со Септември 2017 година.

За сите специфични случаи, а со цел уредно затворање на финансиските картици кои УЈП ги води за обврзниците на РДТ (граѓани и фирми), ќе бидат објавени дополнителни информации на веб страницата на УЈП./МИА

GOLD
To Top