Новости

Македонија

УЈП од петок ќе ги проверува фирмите и лицата поврзани со Боки 13

Управата за јавни приходи (УЈП) од петок ќе ги проверува фирмите поврзани со Бојан Јовановски-Боки 13 и неговата невладина организација Меѓународен сојуз. Директорката на УЈП Сања Лукаревска денеска кажа дека покрај за фирмата „БЈМ Медиа груп“, телевизијата „1ТВ“ и Меѓународниот сојуз, ќе издадат налог за проверка и на физичките лица кои примале пари од таму.

„Ние ќе постапиме во делот кој се однесува на даноците. Веќе до петок треба да ги дадеме налозите за отпочнување на контола на ‘БЈМ Медиа груп‘, ‚1ТВ‘ и Меѓународниот сојуз, но и сите останати даночни обврзници за кои сме утврдиле преку анализите дека постоеле одредени деловни односи. Исто и на сите физични лица во телата и органите во Меѓународниот сојуз, а преку исплатите ќе видиме на чија сметка се легнати парите од Меѓунардониот сојуз“, рече Лукаревска одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција за контролите извршени по воведувањето на мерката поврат на 15 отсто од ДДВ на граѓаните.

Сопственик на „1ТВ“ е фирмата „БЈМ Медиа Груп“, а таа е во сопственост на таткото на Боки 13 Миле Јовановски и на Јасна Мандиќ. Бојан Јовановски од отворањето на телевизијата во јавноста се претставуваше како нејзин газда. Тој е претседател на невладината организација Меѓународен сојуз.

Извор: СДК

GOLD
To Top