Новости

Македонија

Убиен е Наим Реџепи, член на кумановскиот огранок на ДУИ

Наим Реџепи од Куманово е убиен во вооружена престрелка помеѓу две групи пред седиштето на ДУИ во Мала Речица. која се случи околу 18 часот и дваесет минути во тетовска Мала Речица, во близина на седиштето на ДУИ.

Неофицијално, сите учесници во синоќешната престрелка во тетовска Мала Речица, на околу 200 метри од седиште на ДУИ, се членови и активисти на албанската владејачка партија од огранокот во Куманово.

Станува збор за две ривалски кумановски групи на ДУИ . Тие пред да се случи инцидентот излегувале од седиштето на партијата.

Наип Реџепи важел за еден од посериозните кандидати за претседател на кумановскиот огранок на ДУИ.

Официјално обвинителството соопшти дека причините за  престрелка во моментов се непознати и претстои нивно расветлување, соопшти обвинителството.

Во организирана акција на обвинителството и министерството за внатрешни работи, две лица учесници во престрелката кои со возило се упатиле кон Скопје се лишени од слобода.

Издадена е и наредба за анализа на ДНК профили, за обдукција на починатото лице, како и за земање на парафински ракавици – велат од обвинителството.

GOLD
To Top