Новости

Македонија

Усвоен законот за кратење на патните трошоци – наместо 1.500 пратениците сега ќе земаат по 1000 евра месечно

Собраниската комисија за политички систем го усвои предлог-законот за намалување на надоместокот за патните трошоци на пратениците.

И власта и опозицијата едногласно го усвоија измените со кои си ги намалија патните трошоци.

Наместо надоместок од 30% од продажната цена на 1 литар гориво според изминат километар сега ќе добиваат надомест до 20%.

До оваа одлука дојде по жестоките реакции во јавноста за високите трошоци на пратениците.

Според новите пресметки, пратнеиците кои месечно земаа по 100.000 денари за патни трошоци, според новите пресметки би земале нешто над 60.000.

 

 

 

 

 

Извор: Прес24

Евротип
Евротип
To Top