Новости

Македонија

Усмртена мечка на патот Гостивар-Кичево

Усмртена мечка била најдена утрово во близина на коловозот од магистралниот патен правец Гостивар-Кичево.

Според првичните сознанија од увидот, мечката најверојатно на возраст од 2-3 години била удрена од возило и од повредите угинала. Младата мечка е најдена во непосредна близина на излезот од Гостивар до паркингот кај Здуњски мост.

Случајот бил пријавен во полиција и во Инспекторатот за земјоделие шумарство и водостопанство по што ќе биде појасно како дивото животно се нашло во непосредна близина на населено место.

Засега не е познато дали на мечката налетало товарно возило или патничко возило.

Сообраќајка без повредени лица предизивикана од бездомно куче имало и на автопатот Гостивар-Тетово, близу селото Камењане.

GOLD
To Top