Новости

Македонија

Утре е голем и тежок празник – Што не смее да се прави

Утре се празнува преносот на моштите на свети Георгиј од Никомидија во градот Лида Палестинска, каде што пострада во времето на царот Диоклецијан. Страдањето на овој прекрасен светител е опишано под 23 април. Пред смртта, свети Георгиј го замоли својот слуга да го земе неговото мртво тело и да го пренесе во Палестина, од каде што беше родум и мајка му и каде што имаше голем имот кој им го раздаде на сиромасите. Слугата така и направи. Во времето на царот Константин, во Лида, побожните христијани му изградија на свети Георгиј прекрасен храм и при осветувањето на храмот во него ги пренесоа моштите на светителот и таму го закопаа. Од чудотворните мошти на светиот великомаченик Георгиј се случија големи чуда.

Во некои села во регионот постои обичај да се заколе црн петел или пиле, а во Херцеговина се коле јаре. Двата обичаи се прават во строга тишина, за домаќините да се зашитат од напад на волци.

Иако овој празник не е обележан со црвена боја, многу е важен за верниците, а некои го слават како домашна слава, па на овој ден не се работат тешки работи.

Исто така забрането е и да се ловат волци, затоа што во спротивно ловџиите ќе ги следи малер цела година.

GOLD
To Top