Новости

Македонија

Утре координација кај Иванов за предлозите на Нимиц – ќе присуствуват Заев, Димитров, Мицкоски и Ахмети

Министерството за надворешни работи официјално информираше дека координативниот состанок на кој ќе се разгледува иницијалната рамка за решавање на разликата околу името, која ја предложи медијаторот Метју Нимиц ќе се одржи во сабота во 18 часот во просториите на Клубот на пратеници.

На состанокот ќе учествуваат претседателот Ѓорѓе Иванов, премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Од МНР велат дека по завршувањето на средбата не се предвидени прес-конференција и изјави за медиумите.

МЕТА

GOLD
To Top