Новости

Македонија

Утре ќе се изречат казните за Чавков и другите обвинети за „27 април“

Ексминистерот за внатрешни работи, Митко Чавков по трет пат е во притвор поради опасност од бегство. Имено, минатиот пат, кога чавков заврши во затворот во Шутка, тој штрајкуваше го глад, а познато е дека тој има и здравствени проблеми. Чавков е еден од обвинетите во предметот што се води за настаните во Собранието на „27 април“.

Митко Чавков заедно со останатите 17 обвинети, утре ќе треба да ја слушнат пресудата од Кривичниот суд, како и можната казна за крававите инциденти. Предметот го води судијката Добрила Кацарска.

Информацијата за неговиот план, според белешката, ја дознал припадник на единицата „Алфа“ од близок пријател на Чавков кој му кажал дека има вила на Халкидики и дека планира да избега пред да му биде изречена пресудата. Обвинителката што го води овој случај, Вилма Русковска, во изјава за „Независен“ вели дека информацијата дека Чавков сака да бега ја добиле од полицијата.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, пак, не потврдува и не демантира ништо и за сите информации упатува во Обвинителството. Адвокатот на Чавков, Сашо Дуковски, тврди дека Чавков не поседува вила ниту на Халкидики ниту било каква недвижност во Грција.

GOLD
To Top