Новости

Македонија

Утрово нов земјотрес почуствуваа жителите на Битола-Прилеп

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје утрво (02.12.2019) регистрирше земјотрес, чиј епицентар потекнува од соседна Република Албанија, на растојание 160km југозападно од Скопје.

Земјотресот се случи во 9 часот и 26 минути со локална Рихтерова магнитуда 4.3.

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван во југозападните делови на Републиката (Кичево, Охрид Прилеп и Битола) со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала и со интензитет од III степени во Скопје.

GOLD
To Top