Новости

Македонија

Уште еден телефонски разговор денеска помеѓу Заев и Ципрас

Уште еден телефонски разговор помеѓу македонскиот и грчкиот премиер – Зоран Заев и Алексис Ципрас е предвидено да има денеска.

Премиерите на Македонија и на Грција во рамки на процесот на преговори за решавање на спорот за името вчера разговараа 60 минути.

“За време на разговорот вчера се дискутираше за преостанатите прашања и беа разгледани неколку идеи за решенија. “, се вели во соопштението на Владата.

„Веројатно мојот оптимизам за договор за решение на спорот ќе се оствари, но конечно ќе биде, тогаш кога ќе биде конечно се, а јас се надевам дека тоа ќе биде утре,“ изјави вчера премиерот Зоран Заев во емисијата Топ тема на ваша страна, на телевизија Телма.

GOLD
SN Finansii
To Top