Новости

Македонија

Уште четири дена за аплицирање за земјоделски субвенции

На 12 јуни завршува рокот за поднесување барања за субвенции за растително и сточарско производство. Досега аплицирале околу 65 000  земјоделци, но се очекува бројката да биде зголемена за уште 7.000 до 8.000.

Утре ќе биде објавен јавен повик за поднесување барања за субвенции во рибарството, односно за поддршка на нови и за рехабилитација на постојните риболовни пунктови, како и за мрестилиштата, а во тек е и огласот за инвестиции во земјоделските стопанства за што субвенции се обезбедени преку програмата за рурален развој.

Апликациите за субвенции може да се поднесуваат и  електронски.

GOLD
To Top