Новости

Македонија

ФЗОМ: Од 1 октомври лековите ќе се земаат само со рецепт и лична карта или пасош

Осигурените лица од 1 октомври годинава ќе можат да ги подигнуваат лековите во аптека само врз основа на рецепт и документ за лична идентификација (лична карта или пасош), информираат од Фондот за здравствено осигурување.

– До тој период, во сила се постојните позитивни прописи, со кои пропишување на лекот кај избраниот лекар, како и постапката при издавање на лекот во аптеката се врши со здравствена легитимација заедно со личен идентификациски документ на осигуреното лице (лична карта или пасош) при користење здравствени услуги на товар на Фондот, односно до 1 октомври 2019 година. Фондот како купувач на здравствени услуги е конструктивен и отворен за соработка со сите чинители во здравствениот систем и работи на имплементација на соодветно електронско решение со кое ќе се олесни административното работење на здравствените установи при пропишување и издавање лекови на рецепт, во интерес на поефикасна и подостапна здравствена услуга на осигурените лица – стои во соопштението од Фондот.

GOLD
To Top