Новости

Македонија

ФЗОМ ги зголеми квотите за лекови за февруари поради состојбата со грипот и морбилите

Фондот за здравствено осигурување на Македонија донесе одлука за линеарно зголемување на квотите за дополнителни 12.000 денари за секоја аптека, освен за аптеките со максимална месечна квота од 650.000 денари за февруари.

Од Фондот велат дека со оваа дополнителна мерка обезбедуваат дополнителен износ од над 9 милиони денари за овој месец, што ќе придонесе за достапност на лековите на рецепт за осигурените лица во текот на февруари.

„Причините за оваа дополнителна мерка се сезонскиот грип, прогласената епидемија на морбили, како и значителната искористеност на квотата за февруари, заклучно со денешниот датум“, велат од Фондот и додаваат дека продолжуваат внимателно да ги следат состојбите со достапноста на лековите на рецепт во аптеките со цел осигурените лица да добиваат навремено и квалитетно обезбедување лекови на рецепт.

Линеарното зголемување ќе важи само за овој месец, нагласуваат од Фондот.

makfax.com.mk

GOLD
To Top