Новости

Македонија

Премиерот во посета на повредените, критична состојбата на четири лица

Болниците ги имаат сите капацитети, ангажирани се сите ресурси за да се спасат животите на тешко повредите.

Во овој момент на скопските клиники се наоѓаат 29 луѓе каде беа пренесени веднаш по кобната несреќа.

Четворица од нив се во болницата „8 Септември“ и се во тешка состојба и според последните информации се на интензивна нега, односно механичка вентилација.

Директорот на 8 септември потенцира дека дека болницата ги има сите капацитети за вакви случаи, ги имаат потребните резерви на крв доколку е потребно.

Министерот Филипче, по тешката ноќ и утрово ги посети повредените пациенти од вчерашната страшна сообраќајна несреќа која се случи на автопатот Скопје-Тетово .

Три повредени пациенти во Ургентниот Центар во Скопје сé уште се во критична и тешка состојба, но се во стабилна здравствена состојба.

Пред скоро час и премиерот беше во обиколка на болницата во која се сместени повредените . Тој пред новинарите им упати багодарност на клиниките, пожарникари и сите оние кои во тие тешки моменти даваат незимерна поддршка со сите расположливи капацитети. Се заблагодари за хуманоста и солидарноста која ја покажале и граѓаните и веднаш притрчале во помош на превртениот автобус.

Со повеќе информации надлежните ќе излезат во текот на денот.

 

 

 

 

 

 

 

 

Извор: Фактор

GOLD
To Top