Новости

Македонија

Франција на 19 ноември ќе ги каже деталите за барањата околу преговорите

Подеталните барања на Франција во врска со методологијата на преговарачкиот процес ќе бидат познати на состанокот на министрите за надворешни работи и Европа на земјите од ЕУ, кој ќе се одржи на 19 ноември во Брисел, а проширувањето на Унијата и формално ќе биде на дневен ред на средбата. Прашањето ќе се дискутира, но не се очекуваат конкретни заклучоци – пренесува Медиумската информативна агенција.

Министрите на земјите-членки на ЕУ, кои се поддржувачи на проширувањето инсистирале да биде вратено проширувањето на агендата што поскоро. Тие на состанокот ќе разговараат за состојбата во која се наоѓа прашањето во овој момент, а дипломатски извори за МИА додаваат дека очекуваат Франција да поднесе подетални барања за предлозите за реформа на методологијата на процесот на проширување.

GOLD
To Top